
Ураганот “Ирена”, според предвидувањата еден од најразурнувачките и најсмротносни, удри врз американскиот Источен брег, во Вашингтон, Њуjорк, Њу Џерси… Загинаа над 40 лица, меѓу кои и Македонката Ивана Тасева, студентка од Штип. Градот беше целосно подготвен, “Ирена” не беше толку силна но сепак зад себе остави штети и пустош. Фоткиве се сведоштво за она што [...]
среда 31 август, 2011 во 20:22 | Објавено во Странство, Фото & Видео од Здраво

Абдулфатах Џон Џандали, емигрант од Сирија, е биолошкиот татко на генијалниот Стив Џобс, кој пред неколку дена поради болест се повлече од извршните функции во “Apple“. Џандали сега работи како вице претседател во казино во градот Рено, Невада. Тој говори за неговиот копнеж да го види својот син додека се’ уште е жив. Жали што [...]
среда 31 август, 2011 во 19:27 | Објавено во Странство од Здраво

Офшор компанијата од Кипар, за која беше јавено дека ќе ја купи телевизијата “А2″, се предомислила и го повлекла барањето, пренесува “Нетпрес”. Причините поради кои компанијата се предомислила се уште не се познати, но според Законот за радиодифузија не е дозволено офшор компанија да стане сопственик на медиум во Македонија. Во петокот попладне била платена [...]
среда 31 август, 2011 во 19:12 | Објавено во Македонија од Здраво

Се повеќе детали за централната прослава на независноста која ќе се одржи на 8 септември стануваат познати. Главното случување ќе биде пред новиот споменик на Александар Македонски на 8 септември, а сето тоа ќе биде надополнето и со воена парада. Kако што најави минситерката за култура Елизбета Канчевска Милевска, одлуката да се поканат само домашни [...]
среда 31 август, 2011 во 19:02 | Објавено во Македонија од Здраво

Македонија загуби во премиерата на 37-от европски шампионат, длабоката ротација на Црна Гора беше непремостлива пречка. Можеби клучниот натпревар за пласманот во втората фаза го одигравме без Тодор Гечевски, нашиот лидер под кошевите паузираше поради повреда на последниот пријателски натпревар (против Германија). Лестер МекКејлеб го одработи своето, постигна 17 поени со по 4 скокови, асистенции [...]
среда 31 август, 2011 во 17:51 | Објавено во Спорт од Здраво

“Time.mk” воведоа нов сервис за настани преку кој ќе може да најдете се што се случува во .Мк, од концерти и кина, до прес конференции и предавања. Тоа што е новина до сега кај “Time.mk” е што наместо сервисот да ги наоѓа настаните, како што ги агрегира вестите, сега самите организатори можат да ги додадат. [...]
среда 31 август, 2011 во 17:51 | Објавено во Технологија од Здраво

Уште од почетокот на постоењето на фудбалот, судиите биле мета на незадоволните навивачи, играчи и тренери. Судиите се тие што одлучуваат дали вашиот тим ќе добие пенал во последната минута, судиите одлучуваат дали голот постигнат за победа е всушност офсајд или не, и секако судиите се тие што после донесената одлука мора да трпат навреди [...]
среда 31 август, 2011 во 13:54 | Објавено во Спортска среда од Ѓорѓи Груевски

Мексиканската ривиера Маја прави секој да се почувствува добредојдено и испривилегирано, но гостите на “Esencia” добиваат уште некоја привилегија плус. Ова е идеално место и за одмор со фамилијата. Сините води кои се бакнуваат со златната песочна обала ќе ве разнежнат и понесат во друга димензија. Во “Esencia” нема хотелски соби. Тука се прекрасните преноќишта [...]
среда 31 август, 2011 во 13:38 | Објавено во Патување, Фото & Видео од Бубе Спасовска

“Викиликс” не остана должен и веднаш по хакерскиот напад одговори: “Драга владо, доколку не сакате разоткривање на вашето ѓубре, едноставно престанете да се однесувате како свињи!”, порачаа од “Викиликс” преку нивниот “Твитер” профил. Инаку, изминативе 24 часа “Викиликс” беше мета на хакерски напади кои следуваа паралено со објавувањето на нови 10 илјади депеши. Актуелни и [...]
среда 31 август, 2011 во 12:37 | Објавено во Странство од Здраво

Според најновото холандско истражување кое го објави магазинот “Intelligence“, најстарите деца во фамилијата најверојатно ќе имаат највисок IQ, а најмалите најнизок. Истражувањето се базира на повеќе од 1.000 деца чиј IQ беше тестиран за време на детството и пубертетот, се’ до 18 години. Ова е само едно од многуте истражувања кои покажале дека редот на [...]
среда 31 август, 2011 во 12:06 | Објавено во Занимливости од Бубе Спасовска