Аеродромот Жељава, воено чудо на Титовата авијација (видео)
Поранешна ЈНА при своето повлекување го минирала и онеспособила овој објект со 56 тони експлозив.

Иако е онеспособен пред повеќе од 20 години, аеродромот Жељава крај Бихаќ и денес е тема на разни коментари, проценки и речиси неверојатни приказни.
Своевремено важел за најмодерен објект од таков вид, а тоа што се работело и на подземен аеродром за чија изградба и уредување не се штедело во намерата да се постигне максимален ефект, предизвикувало не само восхит и стравопочит, туку и незмислива имагинација за неговите можности.
Најинтересно во целата приказана за аеродромот Жељава е таа иста фама, владее и ден денес, дури на моменти и појака од порано.

Само за најдобрите
Клек, објект 505, Жељава – синоними се за најголемиот подземен аеродром, не само во екс Југославија. Познатиот комплекс е сместен под и во внатрешноста на планината Пљешивица.
Имал пет писти и четири тунели високи 8, широки 3 метри и долги 3,5 километри. Тешко е се претпостави со што се’ располагал овој објект во кој нормално не можел секој да влезе, а колку самата база била елитна говори самиот податок што службата во неа била сметана за посебна чест и само најдобрите доаѓале токму на овој аеродром.
Меѓу нив бил и Иван Прша, офицер во поранешната ЈНА, потполковник на авијацијата.
„Почна да се гради 1948 година. Од проектирање, изборот на локацијата и изградбата се работеше повеќе од 20 години. Оперативната употреба почна во 1967 година кога е комплетиран ловечко-авијацискиот полк, 117. ЛАП од Загреб дојде тука на Жељава. Вредноста на тој објект е тоа што во голема мера подземен објект со цела елементарна инфраструктура под Пљешовица така што ние сметавме дека можеме да се одбраниме и од тактички нуклеарни удари и затоа многу пари се вложени во него – околу 4,5 милијарди тогашни долари“, изјавил Прша за Радио Слободна Европа.
„Значи, намената на аеродромот и авијацијата беше да се заштити воздушниот простор на поранешна Југославија западно од линијата Сараево – Осијек и затоа беше еден од најмодерните и најмоќните затоа што требаше да одговори и во варијантите од западна или источна агресија. Во овој ’таен’ аеродром не можел секој да влезе. Само одбрани луѓе можеле да влегуваат во самиот подземен објект, така што едноставно јавноста не знае што имало во аеродрмот Жељава и какви тајни криел, а немало многу тајни. Факт е дека тоа било моќна авио база со педесеттина авиони, тоа е нешто ако носач на американските авиони и навистина беше голема огнена моќ за одбрана на воздушниот простор на поранешна Југославија, и ништо повеќе!“, додал потполковникот.

Планови за реконструкција
Денес рушевините и остатоците изгледаат мизерно ако се имаат на ум сите податоци за грандиозноста на градбата и функционирањето на најмоќната воена база, според многумина во Европа.Поранешната ЈНА пред повлекувањето го минирала и онеспособила објектот, како што кажуваат со 56 тони експлозив. Забот на времето исто така си го направил своето. Со оглед на тоа дека за време на војната во ’90-тите објектот бил линија за раздвојување, ова подрачје е и минирно. Од босанската страна го надгледуваат припадници на Граничната полиција.
„Околу десеттина километри од граничната линија, зелената граница, го покриваме просторот околу аеродромот Жељава. На територијата на БиХ се наоѓа една голема писта и две помали писти за полетување. Останатото е на страната на Хрватска“, вели командирот на единицата на граничнката полиција Арман Миќиќ.
Нормално, имало и предлози за обнова на аеродромот Жељава од обете страни на границата. Своевремено бил и изработен план за негова ревитализација, но поради цената, целиот проект паднал. Потоа се споменувала можноста за да се изгради картинг или велосипедска патека, слободна царинска зона, и на крајот, цивилен аеродром.
„Би се работело тука на еден карго аеродром во кој би имало пет логистички центри. Целата инвестиција би чинела околу 2,7 милијарди евра“. „Се уште постои таа приказна аеродромот да се комерцијализира, има логика и основа за тоа, ако се има пари и волја за тоа“, изјавил Хамдија Липовача.
Слични написи
Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=27923










