„Аmazon“ прави смартфон?

Насловов на статијава најверојатно требаше да гласи: „Foxconn му врти грб на Apple“, но од крајно читателски и новинарски кодекс на информирање го оставивме ваков каков што е. Слободно, ако мислите дека овој вториов, необјавен ви фаќа повеќе окце, слободно искарајте не и ќе го смениме :).

Не е насловот главната вест во секој случај. Муабетот е дека „Amazon“ работи со „Foxconn“ на развој на сопствен смартфон кој би влегол во битка со најголемиот „газда“ на „Foxconn“ – „Аpple“ и оние други, споредни телефони базирани на „Android“ и „Windows Phone“.

До овие информации дошле од „Bloomberg“ чии планови за развојот на смартфонот од „Amazon“ ги потврдиле два извори запознаени со плановите на компанијата. Исто така, „Amazon“ веќе купува патенти кои ја покриваат безжичната технологија, колку да се одбранат од потенцијалните тужби – а ќе ги имаат дефинитивно во изобилство.

Гласините за смартфонот од „Amazon“ се појавија и кон крајот на минатата година, а се претпоставува дека и како „Kindle File“, уредот би понудил пристапна цена од околу 150 до170 долари, според предвидувањата на аналитичарите.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=50695

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа