“Aurora Resort & Spa”, Берово: Светски, а наш! (фото)

Уште едно идеално место за одмор и релаксација. Неодамна е отворен прекрасниот “Аурора Ресорт и Спа“ во Берово. Овде, високите стандарди на луксузното хотелско сместување на македонскиот или странскиот турист му нудат и овозможуваат прекрасно “бегство“ од динамиката на модерното време, забрзаниот ритам на секојдневното живеење, дневните активности и работните обврски…

Сите сакаме, барем на кратко, да се одмориме од секојдневието и да најдеме интимно и тивко прибежиште. “Аурора Ресрот и Спа“ претставува токму таков комплекс, идеално вклопен во природното опкружување од густа борова шума, издигнат над круната на Беровското езеро, со волшебен поглед кон кањонот на Малеш Планина.

Тука е направена идеална симбиоза со природата. Извонредно место за одмор и релаксација, место за постигнување на спокој и духовен мир, место кое може да се нарече мал сопствен рај.

Зошто токму во Берово е најчесто поставуваното прашање… Многу малку се знае дека над Берово поминува еден од само неколкуте кислородни коридори што во комбинација со идеалната надморска височина од 1.062 метри го прави овој регион вистинско воздушно лечилиште.

Ако се земе предвид и фактот дека алтернативните форми на туризам, чистиот воздух, здравата храна и традициолналните вредности се нешто што  веќе подолго време се тренд во светските туристичките текови, тогаш наспорно е дека Берово е идеално место за изградба на ваков комплекс. Ова е мало по капацитет одмаралиште, но големо во однос на се’ она што може да го понуди.

Дводецениското работно искуство на “Аурора турс“ во областа на туризмот, огромниот број на посетени дестинации како и искуствата кои ги има стекнато во најразлични хотелски комплекси на сите континенти, беа пресудни во внимателното селектирање на се’ она што е вградено во “Аурора Ресрот и Спа“. Тоа ја прави душата на овој комплекс.

Изграден е од природни материјали, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија кои го претвораат во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во малите специјални куќарки поставени на боровите кои го опкружуваат комплексот. Ресортот е вистинска планинска, хармонична бајка.

Комплексот чиј максимален капацитет е 100 легла, претставува целина од повеќе градби кои за гостите нудат различни типови на соби, семејни соби, полуапартмани како и луксузни  апартмани. Сите се опремени со модерен мебел, бања, тераса, мини бар, ТВ…

Во моментов се доопремува ВИП, односно Претседателскиот апартман кој ќе ги задоволи потребните стандарди за сместување на гости од највисок ранг. Целиот комплекс е покриен со безжична интернет мрежа.

Ресторанот во “Аурора Ресорт и Спа“ е уникатно архитектонско дело во кое и најголемите гурмани и сладокусци ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните локални специјалитети, како и најубавото од интернационалната кујна. Амбиенталната архитектура и природните материјали вградени во ентериерот се во идеална синтеза со минималистичката обработка на одделни елементи, што креира извонредна атмосфера на елеганција и луксуз.

Засега, во Ресортот од планираните содржини за рекреација функционира само надворешниот базен со површина од 180 м2. До крајот на летово треба да бидат завршени Спа центарот и тенискиот терен. Наскоро, гостите ќе можат да се анимираат и со други најразлични активности: организирано џип-сафари, возење на велосипеди во природа, јавање на коњи, планинарење, рибарење…

“Аурора Ресорт и Спа“ претставува и идеално место за одржување на бизнис средби, конференции, семинари, обуки и конгреси, за што клиентите имаат на располагање целосно и модерно опремена конференциска сала за окулу 100 лица.

За повеќе информации стиснете лајк на нивната “Фејсбук” страница!

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=4871

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа