Излезе првиот број на дневниот весник „Фокус“

Рано утрово излезе првиот број на дневниот „Фокус“. Весникот веќе е дистрибуиран низ целата земја.

Како што веќе напишавме, Никола Младенов, основачoт на неделникот “Фокус”, за новиот проект, покрај Јадранка Костова која ќе биде главен уредник на весникот, тимот го засили со долгодишниот уредник и основач на „Дневник“, Бранко Героски, поранешниот шеф на македонската дипломатија Александар Димитров, сега како дипломатски уредник, како и познатите уредници од “А1″ телевизија, Борјан Јовановски и Младен Чадиковски.

Во дневниот “Фокус” ќе пишува и колумнистичкиот „дрим тим“ – Љубчо Георгиевски, Мендух Тачи, Љубомир Фрчковски, Стевче Јакимовски, Андреј Жерновски и Крсте Шајноски.

Дневниот „Фокус“ ќе има и есклузивни дописи од сите балкански метрополи. Во првиот број, специјално за весникот, пишува Денис Латин, водителот на популарната хрватска емисија “Латиница”.

Во денешниот “Фокус” ќе може да се прочита и интервјуто со еврокомесарот Штефан Филе, сведоштвото на Виолета Бошковска за непристојниот предлог што лично по телефон и го дал заштитениот сведок, како и други ексклузивни теми и содржини.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=18150

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа