Како се користат таблетите во светот?

Аналитичката компанија „Gartner Research“ објави резултати за најчестите активности на корисниците на нивните таблет компјутери.

Проверувањето на електронски пораки е главната активност која се сели од класичните компјутери на таблет компјутерите и тоа со енормни 81 отсто од испитаниците.

На таблетите вестите се читаат 69 отсто, а временската прогноза 63 отсто. Социјалните мрежи се застапени со 62 отсто, а играњето на таблетите го практикуваат 60 отсто од корисниците.

„Истражувањето покажало дека повеќе од половина корисници на таблети компјутери преферираат да читаат магазини, вести и книги на екраните, во однос на хартија. Во просек, еден од три испитаници ги користат таблетите за читање книги“, изјавила Каролина Миланези, потпретседателка на „Gartner“.

Испитаниците во најголем број се изјасниле дека покрај таблет поседуваат и компјутер, мобилен телефон и дека ги користат сите уреди одеднаш и не ги заменуваат еден со друг. Тие имаат тенденција да го користат оној уред кој им е најпотребен за одредена задача во одредено време, а поголемиот дел од нив за викендите помалку го користат компјутерот.

Таблетите најмногу се користат во дневната соба – 87 отсто, во спалната соба – 65 отсто и 47 отсто во кујна.

45 отсто од испитаниците рекле дека не го „делат“ својот таблет со никој и го доживуваат како личен уред, како што е случајот со нивните мобилни телефони,

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=50568

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа