Карфур, Зара, Синеплекс и 2.200 нови работни места во Скопје сити мол

Меѓународните брендови „Carrefour”, „Zara” и „Cineplexx” се трите најголеми закупци во трговскиот центар “Skopje City Мall”, инвестиција вредна 90 милиони евра, што треба да биде отвoрен за шест месеци, соопшти денеска “Балфин МК”, компанијата инвеститор.

Како што изјави Петер Варден, главен извршен директор на “Балфин МК” и член на “RICS”, овие три големи светски компании со договорот за закуп добија загарантирани позиции во новиот трговски центар.

Францускиот „Carrefour”, вториот најголем ланец на супермаркети во светот и најголемиот во Европа, во “Skopje City Мall” ќе има хипермаркет продавница од 4.650 метри. Договорот бил потпишан во јули минатата година, но поради клаузула за доверливост, информацијата морала да остане во тајност. Со отварањето на овој хипермаркет, „Carrefour” ќе има преку 9.500 продажни локали, во 33 земји во светот.

Со влезот на „Inditex” во “Skopje City Мall”, Македонија станува осумдесетата земја во која Групацијата ќе биде присутна со своите афирмирани модни брендови.

- Една од најголемите модни трговски компании во светот „Inditex” ќе се претстави со петте реномирани модни концепти „Zara”, „Bershka”, „Massimo Dutti, „Pull & Bear” и „Stradivarius”, на вкупна површина од 4.350 метри квадратни. Само продавницата на „Zara” ќе зафаќа 2.190 метри квадратни, распоредени на два ката, што ја прави најголемата „Zara” на Балканот, рече Варден.

„Cineplexx” кој функционира од 1951 година, а од 1993 е подружница на познатата „Constantin Film-Holding GmbH”, во “Skopje City Мall” ќе има девет кино сали опремени со современа дигитална технологија преку која македонската публика ќе го искуси најновиот „Real 3D” ефект. Планот на „Cineplexx” не е само да прикажува филмови, туку и да овозможи уживање во спортски и музички настани на големото платно, повторно во „Real 3D”. „Cineplexx” денес располага со 230 кино сали и над 45.000 седишта.

Според Варден, сите три компании го привршуват процесот на опремување на просторот и го дооформуваат менаџерскиот тим кој со забрзано темпо се подготвува за периодот на отворање.

Варден информира дека слободни се уште околу 15 проценти од просторот во трговскиот центар, кој ќе име биде понуден на локални закупци. Тој очекува “Skopje City Mall” да биде отворен во септември и да вработи 2.200 лица.

“Skopje City Mall” треба да биде отворен во септември, а се очекува во него да работат 2.200 лица.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=35761

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа