
Пред неколку дена се одржа кошаркарскиот “Ол Стар” натпревар во Кина. Во НБА играат Истокот против Западот, а пак во Кина, Северот игра против Југот. Во едно видео кое се појави на интернет е прикажан еден мал дел од овој натпревар според кој може да се пресуди дека во Кина не се игра квалитетна кошарка [...]
среда 22 февруари, 2012 во 22:56 | Објавено во Спорт, Фото & Видео од Билјана Игевска

Среден прст би требало да биде клучниот збор на оваа вест. Сите светски медиуми ја пренесоа веста за разлутената Адел на која и беше прекинат говорот на британските музички награди и таа на организаторите им го покажа средниот прст. Со изведбата на песната „Чарли Браун“ групата Колдплеј започна годинешното 32-ро по ред доделување на британските [...]
среда 22 февруари, 2012 во 12:46 | Објавено во Сцена, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Шангајската артистка Хонг Ји има нова необична сликарска техника. Пред некое време можевме да видиме како наместо четка употребува баскет, а сега наместо бои таа користи кафе. За да изработи едно дело потребни и се 12 часа и многу кафе, ама резултатот е импресивен.
среда 22 февруари, 2012 во 10:32 | Објавено во Фото & Видео од Билјана Игевска

Аутистичниот француски уметник Жил Трехин скоро 20 години работел на градот од соништата кој го нарекол Урвил. Во градот сѐ е осмислено до детали, така има 12 милиони жители, безброј плоштади, облакодери и пристаниште, а секоја уличка е прецизно испланирана. Градот бил претставен на конференциите за аутисти насекаде во светот и ги освоил симпатиите на [...]
среда 22 февруари, 2012 во 10:29 | Објавено во Занимливости, Фото & Видео од Билјана Игевска

Како и вообичаено, парискиот графити уметник и сопственик на хотелот и ноќниот клуб „Andrѐ” влезе во соработка со нов бренд на пијалок, овој пат славниот производител на шампањ „Moёt & Chandon”, за да ја создадат кампањата „Tag Your Love”. Оваа исклучителна кампања ви дозволува да одберете од неколкуте видови на кутии за шампањот „Rosѐ Impѐrial”, [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 19:21 | Објавено во Lifestyle, Гастрономија, Издвојуваме, Фото & Видео од Бубе Спасовска

Посветеноста кон работата е непроценливо богатство на секоја индивидуа, а најмногу им се радуваат претпоставените на таквите работници. Дизајнерите на играта „Forza 4 Motorsport“ можат да се пофалат со една од подобрите човекови особини, па видете со каков труд ни ги носат автомобилите да изгледаат толку реално на нашите гејминг машини. Секоја чест момци!
вторник 21 февруари, 2012 во 14:38 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Овие необични, но импресивни фотографии делуваат како да се од некоја друга планета, во некој друг универзум. Но, нив ги насликала вештата рака на мајката Природа. Фотографот Сандро Сантиоли го надлетувал Исланд со својот „Cessna“ авион повеќе од 70 часа и „налетал“ на живописни пејсажи кои само природата може да ги наслика. Никој друг! Уживајте.
вторник 21 февруари, 2012 во 14:10 | Објавено во Занимливости, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Нешто ново и неочекувано. Футуристичка идеја искомбинирана со традиција. Сега љубителите на џебните часовници можат да го имаат својот омилен предмет по најново технологија. „Kisai Rogue Touch Pocket Watch” е серија на џебни часовници во ограничено издание, кои нудат LCD екран со „тач“ технологија, двојно време, аларм и датум. А еве и како изгледаат.
вторник 21 февруари, 2012 во 13:33 | Објавено во Технологија, Фото & Видео од Бубе Спасовска

Наследникот на империјата „Fiat“, a можеби и следниот претседател на „Ferrari“ за „Wallpaper“ магазинот ја отвори „одаата“ во кои ги чува своите орудија… Пардон, автомобили. Веќе знаеме дека поседува „Ferrari 599 GTB Fiorano“, но дека има „Fiat 500 Abarth“ сега првпат дознавме. Сакате да видите уште ѕверки? Погледнете го видеово.
вторник 21 февруари, 2012 во 11:54 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

На сите оние кои имаат проблем да го заспијат своето дете ова видео ќе им изгледа неверојатно, но и ќе им биде од голема корист. Сите мајки во ова видео пронашле оригинални, но едноставни трикови со помош на кои ги успиваат своите најмили. Со помош на фен, гледање во очи, звуците на микробрановата печка… Но [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 11:14 | Објавено во Lifestyle, Фото & Видео од Билјана Игевска