Тастатура на фармерки

tastatura-na-farmerki-2

Ако имате досаден живот и преку цел ден дремете пред компјутер, имаме изум како измислен токму за вас! Двајца дизајнери од Холандија развиле линија на фармерки кои му даваат потполна нова димензија на зборот „лаптоп“. Фармерките познати под називот „Beauty and the Geek“ доаѓаат со комплетно фунционални тастатура, маус и звучници интегрирани во горниот дел [...]

среда 22 февруари, 2012 во 15:47 | Објавено во Lifestyle, Технологија од Дејан Зафировски

„Google„ очила

original

Услугата „Google Goggles“ повеќето ја знаете. Но, наскоро би можеле да очекуваме и физичка верзија на истиот назив, од истата компанија. Ако гласините се точни би можеле да очекуваме „Google“ очила кои би го одзвонувал крајот на паметните телефони. Според „Њујорк Тајмс“ извесни работници од „Google“ „рашириле“ информација дека овие очила ќе го „нападнат“ пазарот [...]

среда 22 февруари, 2012 во 14:26 | Објавено во Технологија од Дејан Зафировски

„Forza 4 Motorsport“… зад „сцената“ (видео)

forza4carprep

Посветеноста кон работата е непроценливо богатство на секоја индивидуа, а најмногу им се радуваат претпоставените  на таквите работници. Дизајнерите на играта „Forza 4 Motorsport“ можат да се пофалат со една од подобрите човекови особини, па видете со каков труд ни ги носат автомобилите да изгледаат толку реално на нашите гејминг машини. Секоја чест момци!

вторник 21 февруари, 2012 во 14:38 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Џебен часовник на „тач“ (видео)

rogue_touch_blue_green_lcd

Нешто ново и неочекувано. Футуристичка идеја искомбинирана со традиција. Сега љубителите на џебните часовници можат да го имаат својот омилен предмет по најново технологија. „Kisai Rogue Touch Pocket Watch” е серија на џебни часовници во ограничено издание, кои нудат LCD екран со „тач“ технологија, двојно време, аларм и датум. А еве и како изгледаат.

вторник 21 февруари, 2012 во 13:33 | Објавено во Технологија, Фото & Видео од Бубе Спасовска

„Delta 7 Arantix Mountain Bike“

delta-7-arantix-xl

Во потрага сте по што полесен велосипед? Конечно имаме рам токму за вашите прибирливи вкусови. Рамот на „Delta 7 Arantix Mountain Bike“ е изработен од патентирани карбон фибер влакна од „Iso Truss“ и мрежа од „Kevlar“, точно опишана како „пајакова мрежа“. Може да го нарачате само рамот, или целиот велосипед со „SRAM“ или „Shimano“ компоненти.

вторник 21 февруари, 2012 во 12:32 | Објавено во Km/h од Дејан Зафировски

Во гаражата на Лапо Елкан (видео)

lapo-green-abarth

Наследникот на империјата „Fiat“, a можеби и следниот претседател на „Ferrari“ за „Wallpaper“ магазинот ја отвори „одаата“ во кои ги чува своите орудија… Пардон, автомобили. Веќе знаеме дека поседува „Ferrari 599 GTB Fiorano“, но дека има „Fiat 500 Abarth“ сега првпат дознавме. Сакате да видите уште ѕверки? Погледнете го видеово.

вторник 21 февруари, 2012 во 11:54 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Има „Порше“, нема мозок

ima-porshe-nema-mozok-2

Авто новинар додека правел тест на некој автомобил низ улиците на Сан Франциско налетал на несекојдневна глетка. Всушност, секојдневна е ако се земе фактот дека сопствениците на „Порше“ имаат повеќе пари, отколку мозок. Проценете сами колку бил паметен овој сопственик, знаејќи дека својот „порш-мобил“ го „паркирал“ во свеж цемент. Браво!

понеделник 20 февруари, 2012 во 16:54 | Објавено во Km/h од Дејан Зафировски

Украдена скапа „Nikon“ опрема

Nikkos-lenses

Во саботата вечер, близу паркот Феникс во Даблин, Ирска било ограбено комби во кое имало опрема вредна 156.000 долари од фотоапаратите „Nikon“, како и новите „демо“ D4 и D800 модели. Да не ви „шитне“ некој таква опрема, па после да се „чешате“ кога ќе ве стине раката на правдата, повелете погледнете ја комплетната листа на [...]

понеделник 20 февруари, 2012 во 16:02 | Објавено во Технологија од Дејан Зафировски

Новото лого на „Windows 8“

9ssp-640

Од „Microsoft“ ни донесуваат многу промени со новиот оперативен систем, едноставно наречен „8“, а меѓу другото имаат и ново лого. Сем Мороу на официјалниот „Windows“ блог напишал дека дизајнот на логото е направено со помош на дизајнерската агенција „Pentagram“. Луѓето од таму ги запрашале едно многу просто прашањe при почетокот на проектот: „Вие се викате [...]

понеделник 20 февруари, 2012 во 15:38 | Објавено во Технологија од Дејан Зафировски

„Bentley Continental GT V8“ (фото)

bentley-continental-gt-v8-2

На авто саемот во Детроит беше претставен новиот „Bentley Continental GT V8“ кој со својата раскош и убавина ги зашемети сите присутни. Новиот 4.0 литарски  „twin-turbo V8“ мотор под хаубата на „Bentley Continental GT“ купето и „GTC“ кабриолетот со својата мала запремнина ќе нуди исклучително ниска потрошувачка и емисии на штетни гасови во својата класа на луксузни спортски [...]

петок 17 февруари, 2012 во 18:17 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа