„Forza 4 Motorsport“… зад „сцената“ (видео)

forza4carprep

Посветеноста кон работата е непроценливо богатство на секоја индивидуа, а најмногу им се радуваат претпоставените  на таквите работници. Дизајнерите на играта „Forza 4 Motorsport“ можат да се пофалат со една од подобрите човекови особини, па видете со каков труд ни ги носат автомобилите да изгледаат толку реално на нашите гејминг машини. Секоја чест момци!

вторник 21 февруари, 2012 во 14:38 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

„Delta 7 Arantix Mountain Bike“

delta-7-arantix-xl

Во потрага сте по што полесен велосипед? Конечно имаме рам токму за вашите прибирливи вкусови. Рамот на „Delta 7 Arantix Mountain Bike“ е изработен од патентирани карбон фибер влакна од „Iso Truss“ и мрежа од „Kevlar“, точно опишана како „пајакова мрежа“. Може да го нарачате само рамот, или целиот велосипед со „SRAM“ или „Shimano“ компоненти.

вторник 21 февруари, 2012 во 12:32 | Објавено во Km/h од Дејан Зафировски

Во гаражата на Лапо Елкан (видео)

lapo-green-abarth

Наследникот на империјата „Fiat“, a можеби и следниот претседател на „Ferrari“ за „Wallpaper“ магазинот ја отвори „одаата“ во кои ги чува своите орудија… Пардон, автомобили. Веќе знаеме дека поседува „Ferrari 599 GTB Fiorano“, но дека има „Fiat 500 Abarth“ сега првпат дознавме. Сакате да видите уште ѕверки? Погледнете го видеово.

вторник 21 февруари, 2012 во 11:54 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Има „Порше“, нема мозок

ima-porshe-nema-mozok-2

Авто новинар додека правел тест на некој автомобил низ улиците на Сан Франциско налетал на несекојдневна глетка. Всушност, секојдневна е ако се земе фактот дека сопствениците на „Порше“ имаат повеќе пари, отколку мозок. Проценете сами колку бил паметен овој сопственик, знаејќи дека својот „порш-мобил“ го „паркирал“ во свеж цемент. Браво!

понеделник 20 февруари, 2012 во 16:54 | Објавено во Km/h од Дејан Зафировски

„Bentley Continental GT V8“ (фото)

bentley-continental-gt-v8-2

На авто саемот во Детроит беше претставен новиот „Bentley Continental GT V8“ кој со својата раскош и убавина ги зашемети сите присутни. Новиот 4.0 литарски  „twin-turbo V8“ мотор под хаубата на „Bentley Continental GT“ купето и „GTC“ кабриолетот со својата мала запремнина ќе нуди исклучително ниска потрошувачка и емисии на штетни гасови во својата класа на луксузни спортски [...]

петок 17 февруари, 2012 во 18:17 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Новата „Kia Cee’d“ на Женева (фото)

kia-ceed-2

„Киа“ новиот „Cee’d“ модел ќе го претстави на истото место од каде пред шест години ја претстави првата генерација од нивниот популарен автомобил, на саемот во Женева. Новиот модел е подолг, поширок и понизок од претходникот, а дизајнот е сличен на акутелните модели „Rio“ или „Sportage“. Во продажба се очекува кон крајот на годината со [...]

петок 17 февруари, 2012 во 15:51 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

„Ducati“ се продава, во игра се германците

ducati-amg

Шпекулациите за преземањето на „Ducati“ од „Mercedes“ добиваат поголема основа сега. Според „Financial Times“, семејството Бономи продава поголем дел од брендот од Борго Панигале. Андреа и Карло Бономи за нивниот дел од „Ducati“ бараат една милијарда долари. Тие пари, ама и новиот партнер би требале да го загарантираат натамошниот раст на компанијата, чија продажба само [...]

петок 17 февруари, 2012 во 14:26 | Објавено во Km/h, Пари и знаење од Дејан Зафировски

7 години копал подрум (видео)

little-giants-rc-construction

Од 2005 наваму, канадскиот работник, наоружан со неговата тешка „артилерија“ од багер го ископувал својот подрум. Сета нечистотија и земја била исфрлана низ прозорецот од подрумот, а оваа „посвета“ кон хобито тој ја снимил и ние во продолжение ви ја прикажуваме комплетната негова архива. Што мислите вие, со вакво хоби може да освоите девојка?

среда 15 февруари, 2012 во 16:28 | Објавено во Km/h, Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

„Audi RS4 Avant“ (фото)

audi-rs4-avant-25

Сите вие кои бевте спремни да чекате до средината на март за да дознаете како ќе изгледа новиот „Audi RS4“, сега можете да земете здив, да се одморите малку и да се фрлите надолу во текот на текстов каде ќе ги видите првите фотографии од новиот „Avant“ модел. Фотографиите откриваат дека „Аудито“ е спортски караван [...]

среда 15 февруари, 2012 во 13:54 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Новиот „Bentley Continental GT V8“ лета над Минхен (видео)

webbentley-munich

„Bentley Continental GT V8“ за 4,6 секунди може да забрза до 100 километри на час, „рика“ со 500 коњски сили и… погледнете ја рекламава која ќе ве остави без здив.

вторник 14 февруари, 2012 во 20:24 | Објавено во Km/h, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа