
Немој да мислите дека новиве “даблдекери” од Кина се расипале. Тие само ја почитуваат препораката на владата за штедење на електрична енергија. Среќа што не ги исклучиле и фаровите за комплетно вклопување во ПР-от на власта. Ќе беше “кому иде”…
вторник 21 февруари, 2012 во 19:54 | Објавено во Македонија, Нездраво од Здраво

Во телевизиската емисија “My Strange Addiction” посебно место доби една 28-годишна Американка. Џејн не може да одолее на детска пудра, ја шмрка секојдневно во последниве 16 години. Вели дека без својата дневна доза не може да функционира. Нејзините пријатели, додека не им открила за што станува збор, мислеле дека таа е зависна од кокаин, бидејќи [...]
сабота 18 февруари, 2012 во 20:51 | Објавено во Занимливости, Нездраво од Билјана Игевска

Изминативе денови „осамнаа“ на интернет фотките од восочната фигура на Новак Ѓоковиќ вo музејот во Јагодина, Србија која реално воопшто не наликува на него. Вчера „Блиц“ објави фотографии од други познати личности, меѓу кои е и Владе Дивац, другарот Тито, Коштуница, Слободан Милошевиќ и други. Проценете сами дали фигурите се веродостојни или не…
среда 15 февруари, 2012 во 18:06 | Објавено во Занимливости, Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Од 2005 наваму, канадскиот работник, наоружан со неговата тешка „артилерија“ од багер го ископувал својот подрум. Сета нечистотија и земја била исфрлана низ прозорецот од подрумот, а оваа „посвета“ кон хобито тој ја снимил и ние во продолжение ви ја прикажуваме комплетната негова архива. Што мислите вие, со вакво хоби може да освоите девојка?
среда 15 февруари, 2012 во 16:28 | Објавено во Km/h, Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Бутнете го возилото господине. Вака, наводно, од МВР му дале совет на човеков кој очигледно си имал мака за која самиот не е виновен…
вторник 14 февруари, 2012 во 20:27 | Објавено во Македонија, Нездраво, Фото & Видео од Здраво

Кога последен пат сте го прошетале вашето милениче, вашиот најдобар пријател? Не ви текнува? А, кога последен пат сте прочитале некоја вест на интернет, сте се логирале на „FB“ и сте се убиле од коментирање? Да ве просветлиме, тоа го правите токму сега! Е, па имаме едно куче кое му е преку глава да ја [...]
вторник 14 февруари, 2012 во 12:16 | Објавено во Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Битно е тука, блиску до терените. Еве ја “Брзата Помош” во Маврово… фото: Галички Скилифт
понеделник 13 февруари, 2012 во 11:54 | Објавено во Издвојуваме, Македонија, Нездраво, Фото & Видео од Здраво

Сешто има по светов, па еве и ова. Татко чија 15-годишна ќерка напишала на „Facebook“ дека е несреќна во семејството го земал нејзиниот лаптоп и пред камера пукал во него. Видеото, нормално го објавил на „YouTube“. Томи Џордан е во „IT“ индустријата и очигледно ги знае сите „финтици“ за приватноста на социјалните мрежи. Тој во [...]
петок 10 февруари, 2012 во 15:59 | Објавено во Занимливости, Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Галеријава не сака буквално да ви каже каде била Бијонсе во животот и каде не требала да биде, туку каде нејзиното име (во повеќето случаи) „непрописно“ било поставено.
четврток 9 февруари, 2012 во 18:12 | Објавено во Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски

Мачињата се насекаде околу нас. Без разлика дали немаат дом или се наши домашни миленичиња тие животинчиња се едни од најмилите кои несомнено ни го разубавуваат денот, а и животот. Со фотографииве ќе пробаме барем малку од малку да допреме до вашето срце денес, да ве расположиме и да ви „запредеме“ за добар ден. Уживајте!
четврток 9 февруари, 2012 во 13:01 | Објавено во Нездраво, Фото & Видео од Дејан Зафировски