
Пред неколку дена се одржа кошаркарскиот “Ол Стар” натпревар во Кина. Во НБА играат Истокот против Западот, а пак во Кина, Северот игра против Југот. Во едно видео кое се појави на интернет е прикажан еден мал дел од овој натпревар според кој може да се пресуди дека во Кина не се игра квалитетна кошарка [...]
среда 22 февруари, 2012 во 22:56 | Објавено во Спорт, Фото & Видео од Билјана Игевска

Eкипата на “Наполи” во првиот натпревар од осминафиналето во “Лигата на шампионите” со убедливи 3-1 го совлада “Челзи” на “Сао Паоло”. Стадионот во Неапол неколку пати се има покажано како погубен за англиските екипи. Во првиот дел од ЛШ тука настрада “Манчесетер Сити”, а сега следен беше “Челзи”. “Наполи” заслужено ја стекна убедливата предност пред [...]
среда 22 февруари, 2012 во 00:23 | Објавено во Спорт од Здраво

Не делат само неколку дена од “Ол Стар Викендот“, а тоа во светот на кошарката значи и издавање на нова линија патики (сезона 2012) со потпис од НБА ѕвездите. На Ол Стар натпреварот ќе се појават нови патики со потпис на кошаркарите: Двејн Вејд, Кармело Ентони, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Крис Пол итн. [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 10:56 | Објавено во Спорт, Фото & Видео од Здраво

Британскиот боксер Дерек Чисора направи многу скандали пред и по мечот со Кличко во Германија. Дрскоста на овој боксер ги премина сите граници, па дури и британските електронски и пишани медиуми изјавија дека тој е срам за целата Британија. Најпрво на мерењето пред мечот тој му удри шамар на Кличко, а пред мечот за титулата [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 10:47 | Објавено во Спорт од Здраво

Посветените и фанатични навивачи се оние кои од еден стадион можaт да направат неосвоива тврдина. Безрезервната поддршка, пеењето за време на натпреварите, како и создавањето непријателска атмосфера кон противничкиот тим им дава голем мотив на домашните играчи. Дури шест домаќини на Светско првенство го освоиле трофејот благодарејќи на домашната поддршка. Ова е листа на десет [...]
сабота 18 февруари, 2012 во 20:05 | Објавено во Спорт, Фото & Видео од Здраво

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна термините за настап на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон. Македонија игра во рамките на “Д” групата во која се уште и Ангола и Нов Зеланд. Првиот натпревар Македонија го игра на 2 јули во 23.30 часот по македонско време против Ангола. Распоред: Македонија – Ангола (2.7.2012, 23.30 часот [...]
сабота 18 февруари, 2012 во 02:30 | Објавено во Спорт од Здраво

Информативната агенција “Асошијетед прес” го објави името на играчот кој ја доби “наградата” за најдобар глумец на фудбалските терени. За најдобар глумец е прогласен чилеанскиот репрезентативец Брајан Караско кој во натпреварот против Еквадор во шампионатот на Јужна Америка за играчи под 20 години ја фати раката на противничкиот играч и сам се удри во раце. [...]
петок 17 февруари, 2012 во 21:52 | Објавено во Спорт, Фото & Видео од Билјана Игевска

“Сити” и “Јунајтед” ги забележаа првите победи во вториот дел од сезоната во “Лига Европа”. Откако и двете екипи беа елиминирани од “Лигата на шампионите” во декември минатата година, европската сезона ќе пробаат да ја спасат во второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа. “Манчестер Јунајтед” со 2-0 го победи “Ајакс” во Амстердам, во првиот [...]
четврток 16 февруари, 2012 во 23:53 | Објавено во Спорт од Здраво

Натпреварот во забивање е шлагот на секој “Ол Стар Викенд” во НБА. Веќе е познато дека овој спектакл оваа година ќе се одржи во Орландо. Американските медиуми веќе ги објавија можните четворица учесници во овој натпревар. Тоа ќе бидат Ајмен Шамперт, Дерик Вилијамс, Пол Џорџ и Чејс Бадинџер. Блејк Грифин нема да биде во можност [...]
четврток 16 февруари, 2012 во 21:02 | Објавено во Спорт од Здраво

Според францускиот весник “Л’Екип”, Уругваецот е во преговори со “Парис Сент Жермен” околу негово евентуално преселување во овој тим. “Л’Екип” открива дека раководството на лидерот на француското првенство веќе испратило понуда до менаџерот на Луис Суарез. Суарез има договор со тимот од “Мерсисајд” до 2016 година, но фактот што во ПСЖ игра Диего Лугано може [...]
четврток 16 февруари, 2012 во 13:50 | Објавено во Спорт од Здраво