
Во утрешниот дневен “Фокус” ќе читате: Груевци се намерачија на Обединети за Македонија: Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ имаат наредба да врбуваат од партијата на Љубе Бошкоски! Даночна драма на Охридско Лето: УЈП прислино ќе го наплаќа долгот од најголемата културна манифестација! Дали ќе има кривични пријави за уништување на докази во истрагата за загинувањето на [...]
среда 22 февруари, 2012 во 23:24 | Објавено во Македонија од Здраво

Научникот кој го открил вирусот хепатит Ц во 1989 година, сега верува дека открил вакцина за лекување и превенција на болестите предизвикани од вирусот. Бидејќи хепатит Ц е повирулентен од ХИВ, никој досега не беше толку убедлив во наоѓање на вакцина против оваа болест. Но, Мајлк Хутон, истражувач од Универзитетот Алберта ја претстави својата работа [...]
среда 22 февруари, 2012 во 15:30 | Објавено во Странство од Дејан Зафировски

Сателит на НАСА „уловил“ голема бура под морето на југот од Африка. Вртлогот широк дури 150 километри ги снимил сателитот „Тера“ кон крајот на минатата година. Иако бурата изгледа застрашувачки, немало опасност за сообраќаајот или за морскиот животински свет. Напротив, овој вртлог е добар за животот, затоа што извлекува хранливи материи од длабочините кон површината. [...]
среда 22 февруари, 2012 во 11:42 | Објавено во Странство од Дејан Зафировски

Во новиот дневен “Фокус” ќе читате: Груевски со нов предлог до Нимиц: Грција да ни потпише дека го признава македонскиот идентитет! Скандалозно: ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги слави химната, првиот македонски роман и првиот македонски филм! Сватот Иванов спореден со германскиот претседател: По свадба, тапани, ама и инвестиции! Ќе стане ли сопругот на Теута Арифи [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 20:31 | Објавено во Македонија од Здраво

Немој да мислите дека новиве “даблдекери” од Кина се расипале. Тие само ја почитуваат препораката на владата за штедење на електрична енергија. Среќа што не ги исклучиле и фаровите за комплетно вклопување во ПР-от на власта. Ќе беше “кому иде”…
вторник 21 февруари, 2012 во 19:54 | Објавено во Македонија, Нездраво од Здраво

Во книгата „Титовите транскрипти“ објавено е дека Јосип Броз Тито за време на војната дури 8 пати му испраќал телеграми на Мирослав Крлежа, повикувајќи го во партизани. „Во една прилика“, пишува Владимир Дедијер, чии зборови се наведени во книгата „со Тито разговарав за судбината на еден познат југословенски писател, кој се до пред војната со [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 15:21 | Објавено во Странство од Дејан Зафировски

Поранешниот шеф на ММФ, Доминик Штрос Кан на испрашување е кај француската полиција поради сомнение дека учествувал во проституциски ланец. Штрос Кан кој своевремено беше кандидат за француски претседател, од денес се наоѓа во притвор во Лил на северот од Франција, каде полицијата ќе го задржи во наредните 48 часа. Полицијата веќе испрашала неколку проститутки [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 13:30 | Објавено во Странство од Дејан Зафировски

Политички процес, е квалификацијата што ја даде поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, во завршните зборови во процесот „Пајажина“, пренесува Макфакс. „Владата на чело со Никола Груевски реши да биде затворена за критички настроените медиуми, А1 и А2 телевизија, весниците ’Време’, ’Шпиц’ и ’Коха е Ре’. За да го оствари тоа, требаше да прогласат [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 12:41 | Објавено во Македонија од Здраво

Составен дел на пластичната амбалажа е бисфенол А (BPA), кој се поврзува со заболувањата од рак, а во Канада е обележан и како токсична суспстанција. Според најновите истражувања хемикалијата која се користи во многу индустрии – од ѓубрива до пластични шишиња за вода, води и до прекумерна тежина и дијабетес. Истражувачите докажале дека дури и [...]
вторник 21 февруари, 2012 во 10:01 | Објавено во Пари и знаење од Билјана Игевска

„Time Magazine“ на својата насловна го имаат според нив „Малиот Ким“, новиот лидер на Северна Кореја. Прекарот „Lil Kim“ претпоставувате зошто му е така даден? Токму поради неговото мало искуство во лидерството на „нуклеарната“ нација. Ким Јонг Ун доста време ќе биде лидер на малата, но моќна земја, па останува само да читате и да [...]
понеделник 20 февруари, 2012 во 15:16 | Објавено во Странство од Дејан Зафировски