Малку поинакви канцеларии во Скопје (фото)

Дали некогаш сте сонувале да работите во канцелариии кои нудат повеќе од основни услови за работа? Канцеларии во кои ќе се одморите, рекреирате, а сепак ќе дадете сe од себе. Она што за повеќето од нас е само сон, за вработените во фирмата „Cosmic Development” е реалност.


Станува збор за компанија со седиште во Скопје, која нуди “аутсорсинг“ услуги  и има свој продажен центар во Канада. Да, ова е чиста вистина, конечно и кај нас нешто ново и поинакво.

Новите простории во кои се наоѓа оваа компанија наликуваат на оние на „Google”, каде вработените имаат можност да уживаат во една поинаква работна атмосфера. Покрај добро организираниот работен  простор, тие може да изиграат партија пинг-понг или да си ги измерат силите во „Street Fighter 4” во просторијата за одмор и рекреација.

Победниците често знаат да се пофалат со резултатите на ѕидната табла, на која исто така се испишани договорите за следната журка, ситни графити и сe она што им лежи на душа. А кога на некој му се „дреме“ или сака да се изолира од претежно разработената канцеларија, тука се огромните перници и удобните каучи во различни бои. За ручек-време повеќето ќе ги најдете во просторната кујна, каде паѓаат најразлични муабети а често знае да  биде место и за прослави на родендени, веридби и нови успеси.

Ова чудо од канцеларија се наоѓа во новиот комплекс “Synergy Business Center” во населбата Аеродром, на десниот брег на реката Вардар. Мултимедијалната компанија од отворен (океански) тип е составена од млади луѓе кои овие простории веќе ги имаат прифатено како свој втор дом.

Проектот и изведбата е од скопското студио за мебел, осветлување и архитектура Смарт Ливинг кое се наоѓа на приземје на аголот помеѓу Илинденска и Ленинова.

За сe она што не успеавме да го доловиме со зборови, тука се сликите да не дополнат.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=41978

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа