“Mr.Bricolage” во новиот трговски на “Скопски пазар”

“Скопски Пазар” започна изградба на нов деловно-трговски центар на местото на стариот Кванташки пазар во Скопје кој ќе располага со површина од 5.500 метри квадратни. Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра и се очекува да биде завршена до крајот на 2011 година. Истата веќе привлече една значителна странска инвестиција.

Во најголем дел од деловно-трговскиот центар, на површина од 3.500 метри квадратни ќе биде сместен продажен салон за широк асортиман на популарно наречени “направи сам” производи за домаќинство, градежништво и хортикултура, на еден од водечките брендови во Европа, францускиот “Mr.Bricolage”.

Договорот меѓу “Скопски Пазар” и странскиот инвеститор, кој го носи “Mr.Bricolage” за прв пат во Македонија, е веќе потпишан. “Mr.Bricolage” располага со 527 продажни центри во 11 земји во светот, има 12.000 вработени и остварува продажба од 1,9 милијарди евра годишно.

Покрај “Mr.Bricolage”, на површина од 1.560 метри квадратни ќе биде присутен и најголемиот салон за техника во Македонија на познатиот домашен бренд за потрошувачка електроника и бела техника “Нептун”.

Градбата на деловно-трговскиот центар ќе биде целосно изведена со користење на енергетски ефикасни материјали, согласно стандардите според кои се изградени сите продажни салони на “Mr.Bricolage” во светот. Греењето и ладењето на објектот ќе биде еколошко со користење на геотермална енергија.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=3226

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа