По кој критериум се одбраа 150-те “профи” навивачи за Литванија?
Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=9712
По претседателот Иванов, и Владата се вклучи во спортските ПР активности поврзани со кошарката. Таа денеска прати 150 професионални навивачи, “Kомити” на “Вардар”, “Сити Парк Бојс” на “Работнички” и “Фемили” на “МЗТ Скопје”, комплетно подготвени, за да го дадат максимумот на трибините во Литванија за вечерашниот натпревар.
Тие, со чартер лет, веќе отидоа за Каунас за да стигнат на време за мечот од четвртфиналето на Европското првенство во кошарка, кој Македонија го игра против домаќинот.
Владата на вчерашната седница донесе ваква одлука и обезбеди средства за патувањето.
Одличен потег на Владата, но, останува нејасно по кој критериум и како беа одбрани навивачите кои вечерва ќе ги бодрат нашите кошаркари…
Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=9712
© 2013 Zdravo.com.mk. Сите права задржани. Издава: "Прашалник" дооел, Скопје, Македонија. Најави се