Што се случува за една минута на интернет? (инфографик)

„Intel“ претпоставува дека оваа година за прв пат мобилните уреди (лаптоп, телефони, таблети…) поврзани на интернет ќе ја надминат бројката од 7 милијарди уреди, односно повеќе од жителите на Земјата.


Со анализата на интернет сообраќајот „Intel“ предвидува дека до 2015-та година бројот на мобилните уреди ќе се удвои и ќе ја достигне бројката до 15 милијарди, додека пак, бројот на корисници ќе порасне за една милијарда повеќе, или од 2 на 3 милијарди активни корисници.

Но, што всушност се случува за една минута на интернет?

-       На глобално ниво се пренесуваат 639.800 GB податоци

-       Се преземаат околу 47.000 апликации

-       Се внесуваат повеќе од 2 милиони клучни зборови на „Google“

-       204 милиони е-мејлови се праќаат секоја минута

-       277.000 корисници се пријавуваат на своите сметки на „Facebook“

-       На „YouTube“ се пренесуваат 30 часа видеа и се репродуцираат 1,3 милиони видео материјали

-       На „Twitter“ се појавуваат 100.000 нови твитови, а се приклучуваат нови 320 „твитерџии“

-       На „Wikipedia“ се внесуваат шест нови статии.

-       Се регистрираат 1.300 нови мобилни телефони

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=49753

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа