За да не се посрамотите во кревет…

Неспретно изговорени зборови, лош здив и гасови се само некои од многуте непријатни ситуации кои можат да ви се случат во кревет…

Сте кажале нешто што не требало да гo кажете

За да ја избегнете ситуацијата да кажете нешто поради што ќе зажалите речиси истата секунда, треба да се опуштите. Ако мислите на било што друго освен на партнерот, тоа веднаш ќе се забележи.

Сте заспале

Работа на напорно и стресно работно место или обид да се балансира помеѓу кариерата и приватниот живот понекогаш може да биде исцрпувачка задача. Ако сте навистина уморни, кажете го тоа. Тоа е многу подобро отколку да заспиете во најважниот момент.

Циклус во погрешно време

Циклусот сам по себе воопшто не е забавен, но кога ќе се појави во клучниот миг и сосема неочекувано, може да ги изгаси страстите. Во овој случај, вдишете длабоко, отидете до тоалетот и сетете се дека вакви работи едноставно се случуваат. А ако тој не го разбере тоа, тогаш е подобро да не сте ја играле играта до крај.

Проблеми со гасови

Телесните реакции, понекогаш не можеме целосно да ги контролираме, но она на што можеме да поработиме е превенцијата. Водете сметка за тоа што и колку јадете пред да заминете на средба и избегнувајте мрсна и зачинета храна, најмалку шест часа пред состанокот.

Ве обземале емоциите

Сексот и впуштањето во интимност е емоционално искуство, а емоциите често може да не фатат кога сме неподготвени. Ако ви се насолзат очите и гласот почне да ви трепери, тој сигурно ќе сака да знае што ви е, а вие најверојатно нема да знаете што да му одговорите. Немојте да чувствувате притисок и да се обидувате да најдете одговор кој ќе му се допадне, само запрете за момент и смирете се, па продолжете онаму каде што сте застанале.

Лош здив

Од некои мириси е тешко да се ослободите, но бидете внимателни што јадете пред и за време на состанокот и добро размислете пред да порачате кромид. Лошиот здив можете да го прикриете со гума за џвакање или вода за плакнење на устата, но превенцијата е најдобриот лек.

Сте заборавиле да се издепилирате

Фризурата и шминката ви се совршени, облеката беспрекорно секси, но нозете откриваат дека не сте се издепилирале. Оваа ситуација е многу непријатна, но кога ќе се најдете во неа не можете многу да направите. Трчањето во неговиот тоалет и хистеричното бричење не е најдобро решение. И во оваа ситуација треба да водите сметка пред време, пробајте го добриот стар рецепт, издепилирајте се два дена пред средбата, па нема да ве фати неподготвени.

Телефонот ви ѕвони без престан

Ако не се работи за итен повик, се друго може да почека. Сите важни разговори завршете ги пред да останете сами, затоа што во тој миг треба да се фокусирате само на партнерот.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=66474

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа