Зимска Олимпијада 2014 во Сочи: Носење на Олимпискиот оган (фото)

Привршуваат подготовките за Зимските олимписки игри 2014 кои ќе се одржат во Сочи, Русија, од 7 до 23 февруари идната година.

Како што е традицијата, Олимпискиот оган при крајот на септември беше запален во Античка Олимпија и од Грција го започна патувањето по светот, за да пристигне во Сочи на денот на отворањето на ЗОИ 2014. Во почетокот на октомври дојде во Москва, каде што на Црвениот плоштад претседателот Путин беше главен во церемонијата.

Од таму, многу успешни спортисти и уште повеќе граѓани го носеа Олимпискиот факел низ 83 региони во Русија. За првпат во историјата, Олимпискиот оган го “загреа“ и Северниот Пол, а одлета и во Вселената – отиде и се врати од Меѓународната вселенска станица.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=70485

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа