Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив

Тезите на контравезниот новинар Зоран Божиновски дека постои можност католичката црква да го заштитила Тоше Проески на сигурно и дека не се случила сообраќајна несреќа, туку дека тој е жив и живее во некој изолиран манастир, се наметнаа како главна тема меѓу фановите на покојнот пејач и македонската и балканската сцена.

“Ми беше сомнително што од несреќата до погребот поминаа 48 часа. Според хрватскиот закон, член од фамилијата мора да го идентификува телото на странскиот државјанин. Хеликоптерот што го носел сандакот со телото на Тоше до Македонија, по една година се срушил и ниеден член на екипажот не преживеал”, вели Божиновски за вестите на хрватската телевизија “Нова”.

“Претходната власт на Македонија, во 2007 година ја тужеше менаџерката Лилјана Петровиќ за даночно затајување. Верувам дека Тоше сфатил оти околу него не се работи чисто и се обратил за заштита во британската протестанска црква или во Ватикан. Тој е единствениот пејач во светот што два пати го имал папата Јован Павле втори во публика. Не е тој случајно во оваа приказна. Затоа заклучувам, или е убиен на некое друго место, но немам докази за тоа или е скриен во некој одалечен изолиран манастир”, додава Зоран Божиновски.

Котраверзниот новинар тврди дека никој не го видел мртвото тело на Тоше. “Тврдам дека сообраќајната несреќа не се е случила и имам докази за тоа. Во историјата на Хрватска никогаш не е пуштен возач, веднаш по сообраќајна несреќа. Зошто возачот на камионот го нема веќе четири години? Зошто прво пристигнаа пожарникарите? Каде беше брзата помош? Во Хрватска се должни за време на ставањето на телото во сандакот да присуствува полицаец, вештак, член на фамилијата и доктор, а докази за тоа не постојат. Не сум сретнал човек што ќе каже – Го видов мртвото тело на Тоше!”.

Божиновски со овие тези кои ги обелодени за хрватските медиуми минатата недела внесе голем немир и бројни коментари и прашања меѓу фановите на Тоше од целиов регион.

Тој ја најави и книгата во која ќе ја обелодени улогата на десничарската владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, која според него почнала да му се одмаздува на Тоше бидејќи пред пет години одбил да пее за нивна изборна кампања.

Кратко URL: http://www.zdravo.com.mk/?p=15749

Leave a Reply

Здраво +
Нездраво
друштвено

Паричник



курсна листа